ЗА НАС

Пјаца Либерта е фамилијарен бизнис основан во Јуни 2000 год. Од тогаш постојано сме посветени да им одговориме на потребите и барањата на нашите гости. Со цело срце и душа вложуваме да им обезбедиме на нашите гости топол и добредојден амбиент каде што за брзо време ќе им преовладее чувството на “дома”.
ПОВЕЌЕ ЗА НАС
X



Пјаца Либерта е фамилијарен бизнис основан во Јуни 2000 год. Од тогаш постојано сме посветени да им одговориме на потребите и барањата на нашите гости. Со цело срце и душа вложуваме да им обезбедиме на нашите гости топол и добредојден амбиент каде што за брзо време ќе им преовладее чувството на “дома”. Пјаца Либерта со нејзината долгогодишна традиција на фрлање лушпи од кикирики на подот, кое претежно оди во комбинација со голема кригла пиво е со години веќе позната како “кикирики бар.“ Оваа забавна и шармантна традиција произлегува од едноставниот факт што маслото во лушпите е хранлива за дрвениот под! Пјаца Либерта на своите гости им нуди опуштена и пријатна атмосфера каде што можат да уживаат во утринско кафе и кригла пиво или пијалок во попладневите и вечерните часови. Воедно служиме и различни појадоци, оброци, салати и најдобрите вафли во градот! Ова го прави местото вистински погодок за брзо кафе или оброк или пак за средба со Вашите бизнис партнери и пријатели заборавајќи го времето. Пјаца Либерта во превод Плоштад Слобода потекнува од времето на Старо Скопје каде што на истата локација беше лоциран овој плоштад.

РЕЗЕРВАЦИИ

РАБОТНО ВРЕМЕ

недела до четврток 08:00 до 00:00, петок и сабота 08:00 до 01:00